Охрид, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.
– До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео