Охрид, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30 годишниот Д.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка каражба“.
Пријавениот, казнените дела ги извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св. Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските.
Лицето, користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странци државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, хард дискови, USB стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички.
Со сторените дела пријавениот се стекнал со против правна имотна корист која дополнително ќе се утврди. (Крај)
извор: МВР фото: архива