јуни 26, 2017

Охрид, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Давеникот што вчера околу 14:00 часот беше изваден од водите на Охридското Езеро со знаци на живот, на плажа во селото Пештани е 37-годишен скопјанец со иницијали К.К.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид од каде било добиено известување дека истиот се наоѓа во животна опасност.

Поради сериозноста на здравствената состојба вчера лицето било пренесено од Охридската Општа Болница во „КАРИЛ“  при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука