јуни 26, 2017

Охрид/Скопје, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Аналфабет“ во изведба на Охридскиот народен театар го доби признанието Гран при за најдобра претстава  на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“.

Со ваква награда се здобија заради извонредната хомогена игра на сите учесници во претставата – Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска.

Инаку, претставата „Аналфабет“ работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески, ги отвора сите актуелни теми, односно „ликови на власта“, на луѓето на кои кога ќе му дадеш функција ќе ја видиш нивната изопаченост.

Со оваа претстава нашиот театар учествуваше и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука