јуни 27, 2017

Охрид, 27. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно малолетно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што се случила утрово на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Требеништа.

– Сообраќајната несреќа се случила околу 05.30 часот. Повредениот со уште едно лице се наоѓале во возило кое се движело во правец од Кичево кон Охрид. Во еден момент возачот изгубил контрола врз возилото и излетал од патот. Поради сериозноста на повредите, малолетното лице е пренесено во Скопје, вели  портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот бил извршен увид. (Крај)

извор: ОхридПрес/СВР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука