Охрид, 27. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Високи температури, жешко време, Службата за итна медицинска помош од Охрид бележи пораст на бројот на здравствени повици и прегледи.
Со оглед на тоа што синоптичарите за наредниве денови, особено од четврток најавија тропско време, со надпросечни максимални температури, тимот на Итната медицинска помош ќе има полни раце работа, вообичаено за овој период од годината.
Затоа лекарите препорачуваат до охриѓани и гостите да избегнуаат излегување надвор во најтоплиот дел од денот, од 10 до 17 часот, а доколку е неопходно да прават чести одмори под сенка и задолжително со себе да понесат шише вода, да носат светла и лесна облека и секако капа и очила за сонце. Потребно е да се конзумира лесна храна, пијалоци и внес на повеќе течности, најдобро вода, а да се избегнува консумирање на алкохол.
На хронично болните лица им препорачуваат редовно да ја земаат терапијата што им е препишана и секако да се придржуваат кон општите препораки.
Од Службата за итна медицинска помош апелираат до граѓаните да не се злоупотребува службата и бројот 194 за случаи кои не се животно загрозувачки и во кои помош и совет може да даде и матичниот лекар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива