Охрид, 28. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ликовниот уметник од Романија, Емилија Персу, овој петок ќе одржи самостојна изложба во Галеријата Робевци.
Изложбата е насловена „Внатрешна градина“, а љубителите на уметноста ќе може да ги погледнат и да уживаат во нејзините дела од најновиот циклус, изработени на платно во комбинирана техника. Свеченото отворање на изложбата ево 20:00 часот.
Авторката Емилија Персу досега има реализирано бројни самостојни изложби, има учествувано на кампови и фестивали. Од 1998 година е член на романската Унија на ликовни уметници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19