јуни 28, 2017

Охрид, 28. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, Македонија од утре до сабота ќе биде во портокалова фаза.

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, не очекува уште потопло време, со натпросечни температури на воздухот. Температурата во  Охрид се очекува да достигне 35 степени.

Министерството за здравство, согласно ваквите најави, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да не се одржуваат спортски активности во овој период, а исто така во истиот временски период на градинките им се сугерира да не организираат физички активности.

Од ресорното министерство ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура, да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот период од денот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, особено вода, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија. (Крај)

извор: УХМР/ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука