Струга, 29. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, што ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга годинава ја доби ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски.
– Триесетте кратки раскази од збирката „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски преку комичност, упростеност и хетерогеност од раскажувачки стилови и фабули се исполнети со впечатливи ликови, разговори и настани со возбудливи и постојани пресврти. Тие ефектуираат една нова поетика на апсурдната реалност која со себе го носи печатот на модерноста во која авторот живее, твори и творејќи експериментира со нови книжевно-експресивни облици, стои во образложението на членовите на жирито.
Наградата на Марковски ќе му биде врачена на 7-ми јули во спомен – куќата на Миладиновци во Струга, во рамки на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2017“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива