јуни 29, 2017

Охрид, 29. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две езера на 2-ри август, ова е мотото на велосипедска тура која во еден ден, на празникот Илинден, ќе ги обедини Охридското, Преспанското Езеро и планината Галичица.

Должината на турата е 150 километри со почеток  во 8:00 часот, од плажата Горица кон Струга, Поградец во Албанија, Стење, Отешево, Галичица и ќе заврши повторно во Охрид.

Турата е рекреативна, без никаков надомест и е наменета за сите оние кои сакаат празникот да го поминат на велосипед покрај најголемите македонски езера и прекрасната Галичица. За минувањето на границите е потребно е учесниците да носат лична карта или пасош.

Возењето ќе биде по асфалт и изобилува со нагорнини па, организаторите „Прв до врв“ препорачуваат учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и активно да возат велосипед во текот на сезоната.

За оние кои не ќе можат да ги извозат предвидените километри, ќе има и скратена тура во должина од 90 километри. Во овој случај трасата после Поградец ќе продолжи за Св.Наум, Трпејца, Пештани и Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука