Избор Струга

Голем пожар меѓу струшките села Делогожда и Поум

Струга, 29. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голем шумски пожар избувнал попладнево во планинскиот превој меѓу струшките села Делогожда и Поум.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга, јавното претпријатие „Јабланица“, Дирекцијата за заштита и спасува и локалното население се на терен и се борат со огнената стихија.

Командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди информира дека на терен се три противпожарни возила, но оти немаат капацитет сами да го изгаснат огнот, кој брзо се шири поради силниот ветер што дува во тој регион. Помош побарале и од Охридските пожарникари и од Дирекцијата за заштита и спасување за активирање на авионите за гасење пожари.

– На терен сме со три возила и шест пожарникари, а покрај присуството од надлежните институции помага и локалното население. Пожарот го следиме, но е надвор од контрола и немаме капацитет да го локализираме. Побаравме помош од колегите од Охрид и од ДЗС за пуштање авиони за гасење на огнот, изјави Мамуди.

Пожарот над селото Делогожда во струшката пожарна бил пријавен околу 15:00 часот, а зафаќа борова шума и багрем. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави