јуни 30, 2017

Охрид, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на воспоставување на поголема безбедност на плажите, од утре стапува на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија, која ќе трае до 31-ви август.

Скутерите нема да смеат да сообраќаат во периодот од 11:00 до 19:00 часот, додека пак за чамците забраната за пловидба по езерските води ќе важи во периодот од 21:00 до 05:00 часот.

Од Капетанијата  на пристаништа велат дека ограничувањата на пловидбата се воведува секоја година заради безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата. Оттаму, во соработка со Езерската полиција најавија засилени контроли. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука