јуни 30, 2017

Охрид, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Љубителите на пишаниот збор во текот на овие топли денови ќе може да уживаат во новите наслови, со кои е збогатен книжниот фонд на охридската библиотека.

Помеѓу делата кои стојат на располагање може да се најдат: “Никогаш не се знае” – Шеви Стивенс, “Колекционер на очи” – Себастијан Фицек, “Криј се” – Лиса Гарднер, “Ракописот на Чанселор” – Роберт Ладлам, “9-ти ноември” – Колин Хувер, “Терапија” – Себастијан Фицек, “Алекс” – Пјер Леметр и “Божиќна мистерија” – Јустејн Гордер. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука