Охрид, 1. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре, во Охрид и поширокиот регион ќе се одржи втората Оff Road средба, дводневно патување од истражувачко-спортски и туристички карактер.
Oрганизатор е здружението „Оff Road Ohrid“, а како помагател, во насока на развој на руралниот туризам е вклучена и месната заедница од селото Куратица. Учество ќе земат 350 учесници, 200 теренски Off road возила, 40 крос мотори и 20 квадови од Република Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји.
Целта на овој настан е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на охридскиот регион.
Турнејата ќе се вози на следната траса: Oхрид – село Лакочереј – село Сирула – село Лешани – манастир „Св. Илија“ – Плаќенска планина – Мазатар – село Куратица – село Расино – село Вапила – село Лакочереј – село Лескоец – Охрид, а кампувањето ќе биде во кампот „АС“ во Струга.
Стартот беше утрово во 09:00 часот од градското пристаниште. Утре пак, во атарот на селото Лакочереј, ќе се одржи трка со теренски возила. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ФБ OffRoad Ohrid Macedonia