Охрид, 1. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две лица, странски државјани се тешко повредени во сообраќајната незгода, што се случи денеска во 13.30 часот на патот Охрид – Подмоље, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Повредените со возила на итна медицинска помош се префрлени во болницата Св.Еразмо во Охрид, каде им е прижена лекарска помош и врз нив се извршени медицински зафати.
Во незгодата учествувале мотор и патничко моторно возило со струшки таблици. На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен обвинител. Се работи на утрврдување на причините за незгодата. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 35