Кривични за тројца охриѓани поради насилство во продавница
јули 3, 2017

Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О.(23), В.Х.(23) и Д.П. (22), сите од Охрид за сторено кривично дело  „насилство”

.

На 22-ри јуни околу 21,00 часот, во с.Лескоец, пред продавница, откако претходно пријавените побарале да купат алкохолен пијалок во маркетот и биле одбиени од вработената С.С.(30) истите почнале непристојно да се однесуваат.

Во моментот во маркетот влегол сопругот на вработената, Н.С. (29) и побарал да престанат со навредите и да си заминат, на што пријавените физички ги нападнале двајцата, М.О од неговото патничко возило извадил метална лопата со која го удрил сопругот на вработената во пределот на десната рака и главата, како и С.Б.(57) кој се обидел да го спречи нападот. (Крај)

извор: МВР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука