Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.П.(28) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти мај оваа година во дуќан за бижутерија на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид.
Во дуќанот влегол околу 10:20 часот и користејќи згодна прилика, од женската ташна сопственост на вработената во дуќанот, оставена под касата во бирото, одзел паричник во кој имало: 10.000 денари во различни апоени, 100 евра, лични документи од оштетената и веднаш избегал.
На тој начин, пријавениот П.П. се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21