Охрид, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – И натаму се тресе охридското тло, по серијата појаки и послаби потреси, последниот земјотрес е регистриран во 09:47 часот со јачина од 2.9 степени според Рихтеровата локална магнитуда.
Претходно појак земјотрес со јачина од 3.7 степени беше регистриран во 8.36 часот, а потреси имаше и во 07:02 часот со јачина од 2.6 и во 5:17 часот со јачина 3.4 степени.
Од 18 јуни кога започна серијата земјотреси, најсилниот беше вчера во 13.18 часот со јачина 5.1 степен. (Крај)
извор: Сеизмолошка опсерваторија фото: EMSC
Прочитано: 21