Охрид, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Непознати лица лажно се претставуваат како вработени/членови на Црвен крст и им советуваат на станарите на некои згради да ги напуштат становите за да се заштитат од земјотресите.
Од охридскиот Црвен крст укажуваат населението во Охрид да остане разумно и присебно и да не подлегнуваат на најразлични манипулации и лаги, кои во овој случај се насочени кон стари лица, со цел да се создаде простор за кражба и оттуѓување предмети од нивниот дом. Случајот е пријавен и во СВР Охрид.
Од Црвен крст Охрид велат дека тие имаат свој претставник во Кризниот штаб на Општина Охрид и се во постојана комуникација и заедничко дејствување со надлежните институциии. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19