јули 4, 2017

Охрид, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид нема упатено насоки и препораки до граѓаните за напуштање на нивните домови и работни простории, ниту пак презема било какви мерки за евакуација на институции и граѓани, поради опасност од силни земјотреси, стои во дописот од Секторот.

СВР Охрид, заедно со другите институции позитивно, конструктивно, целосно и транспарентно делува во интерес на граѓаните, службата е комплетно посветена на справување со вознемиреноста и другите последици од зачестените земјотреси.

– Повикуваме на смиреност, да не се шири паника и да се почитуваат дадените препораки од Кризниот штаб како и од Црвен крст за постапување во случај на земјотрес. За било какви информации граѓаните може да се обратат на телефонските броеви на Центарот за управување со кризи 195 и полиција 192, стои во соопштението од СВР Охрид.

Како дел од Кризниот штаб, СВР Охрид презема мерки што се делокруг на работа на полициските службеници, а во овие моменти ги прима и насочува граѓаните кои сакаат да пријават оштетувања од земјотресите и  ги советува граѓаните согласно дадените насоки од експертите од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

извор: СВР Охрид   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука