Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум, Охрид, за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија Охрид и околината.
Ова следува како одговор на повиците на граѓаните упатени преку социјалните мрежи до министерката Шеќеринска.
Па,така сите оние кои чувствуваат потреба да се засолнат од земјотресите, тоа може да го направат во воениот камп.
Пријавите за сместување во кампот може да се направат на телефонскиот број 070 403 392, кај, раководителот на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во министерството. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38