Струга, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – 25-годишниот И.А. од струшкото село Велешта заработи кривична пријава за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.
– На 24-ти минатиот месец, во 14,20 часот на крстосницата со улиците „Партизански Бригади“, „15-ти Корпус“ и „Маршал Тито“, при вршење службени задачи и превземање мерки од безбедноста на патниот сообраќај, од страна на двајца полициски службеници, било констатирано погрешно свртување, за што тие сопреле патничко моторно возило марка „БМВ“, од кое излегол пријавениот и почнал да ги навредува, а потоа и физички ги нападнал полициските службеници, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 29