јули 5, 2017

Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изливањето на подземната вода од неактивните акумулации во внатрешноста на земјата остава голема празнина без водена маса, по што доаѓа до спуштање на земјата од овие огромни празнини, пропратено со огромни потреси од локален карактер во едно сливно подрачје.

Ова меѓу другото го истакнува Лазо Наумоски, дипломиран инженер агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид, по серијата земјотреси што се чувствуваат во сливното подрачје на Охридското езеро.

Планината Галичица е варовита, каменлива и процесот на истекување на водата од неактивните подземни акумулации без никакви проблеми се одвиваше подолг временски период по што бевме сведоци на серија од повеќе земјотреси кои беа со епицентар на самата планина Галичица.

– Доколку сакаме подземните води од планината Галичица да се постабилни во поглед на нивното истекување, неминовно е планината Галичица да се пошуми до нејзината највисока квота, шумата од Галичица да не се сече и планината  да не се оптоварува со скијачки и други прпопратни центри.

Според Наумоски на тој начин понирањето на водата на Галичица со дождовите и топењето на снегот би било побавно, не би се создавале поголеми внатрешни празнини, а со тоа не би се соочувале со поголеми земјотреси во нашето подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука