Струга, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Животот во Струга повторно станува неподнослив за граѓаните, но и за многубројните гости поради чадот од депонијата која повторно гори.
Погледнете неколку фотографии направени утрово во Струга.
Група граѓани, незадоволни поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, синоќа фрлаа ѓубре пред здрадата општината во Струга.
– Ако не се дислоцира депонијата и не се реши овој проблем во најскоро време, ќе превземеме порадикални мерки. Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата, изјавија присутни граѓани.
Тие додаваат дека овој проблем е присутен години наназад, а некој профитира од тоа и си игра со нивното здравје. Стружани изјавија дека нема да престанат со притисокот додека не се најде решение за проблемот со депонијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес