Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово беше пресечен еден од високите борови во центарот на градот, непосредно до „Летница“.
Неофицијално, Супер радио и OhridPress дознаваат дека дрвото било пресечено поради тоа што „било труло и претставувало опасност за граѓаните“.
Неодамна, за време на одржувањето на манифестацијата „Охрид трчаТ“ падна поголема гранка од ова дрво, но за среќа во инцидентот немаше повредени лица.
Ова не е прв пат да се сечат дрвјата во централното градско подрачје. Охриѓани бурно реагираа на сечењето на дрвјата на улицата „Партизанска“, а за „масакрот“ на улицата „Димитар Влахов“ се покрена петиција и собирање потписи од страна на Супер радио за спречување на безумието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 25