јули 6, 2017

Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната манифестација „Бело лето“ со која секоја година симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона во Охрид, по најавата дека ќе биде одложена, сепак ќе се одржи утревечер.

Официјалниот почеток на оваа сезона ќе биде означен во предворјето на црквата „Света Софија“ со прикажување на драмата „Коштана“ во изведба на театарот „Славија“ од Белград, Република Србија.

Во сабота, пак, на 8-ми јули, на плажата „Лабино“ со свој перформанс ќе настапи светски реномираниот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василески – Четкар. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука