Струга, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – 60-годишната Ж.Н. од Струга заработи кривична пријава за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“.
– По примена пријава од граѓани и преземени мерки, утврдено било дека пријавената на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, на парцела во сопственост на Република Македонија, изведува помошен објект до објект за домување кој се состои од ѕидови од бетонски блокови, дрвена кровна конструкција покриена со ламарија, без да поседува решение за изведување на градбата, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 46