јули 6, 2017

Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Директорката на ЈП „Охридски комуналец“, Елена Скрческа, во изјава за Супер радио и OhridPress истакна дека нивните служби само постапиле по добиен налог за сечење на големиот бор стар во култниот ресторан „Летница” во Охрид, стар повеќе децении.

–  Неодамна падна поголема гранка од ова дрво. Стручна комисија за животна средина и просторно планирање при локалната самоуправа излезе на терен. По извршениот надзор тие донеле оценка за потребата од сечење на дрвото, вели таа во изјава за Супер радио и OhridPress.

Што се однесува до депонирањето на дрвната маса, Скрческа информира дека дрвото е складирано во работната единица „Паркови и зеленило” при JP „Охридски комуналец”.

drvoletnica5Големиот бор стар повеќе децении во култниот ресторан „Летница” во Охрид рано утрово го исекоа екипи на „Паркови и зеленило” при „Охридски комуналец”. Под сенката на ова дрво, заедно со уште неколку други беше целата тераса на „Летница“ и беше своевиден симбол на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука