Охрид, 7. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нова серија од седум земјотреси изминатата ноќ повторно го потресе охридскиот регион. Најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихер е регистриран изутринава во 07:18 часот.
Две минути пред овој земјотрес е евидентиран уште еден со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.
Преостанатите четири земјотреси се случија во 1:07 часот по полноќ со манитуда од 3,3 степени, во 2:52 часот (2 степена), во 3:07 часот (2,2 степени) во 4:32 часот (3,1 степен) и во 6:54 со магнитуда од 2,8 степени.
Епицентарот на сите земјотреси бил во охридското епицентрално подрачје.
Од 18-ти јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети. (Крај)
извор: А1он фото: архива