јули 7, 2017

Охрид, 7. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Малку од старост, малку од земјотресите, полека попушта зградата наспроти Маларичната во Охрид.

Не е ништо ново дека оваа зграда во која е сместено подрачното одделение на Министерството за земјоделство, а има седишта на политички партии и невладини организации, е во незавидна состојба години наназад. Во внатрешноста има огромни пукнатини, оштетени плафони и ѕидови, подовите крцкаат, се одронуваат тули и малтер. Ситуацијата е уште повеќе влошена по серијата земјотреси кои го зафатија Охрид и предизвикаа оштетувања на зградата, внатрешно и надворешно.

ostetenazgradaohrid2 ostetenazgradaohrid3Состојбата е алармантна, како за граѓаните кои ги посетуваат канцелариите, така и за вработените, кои на работа доаѓаат со страв.

Последните земјотреси нека бидат уште еден аларм за итно преземање мерки, како не би се случила поголема катастрофа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука