јули 8, 2017

Охрид, 8. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти овој месец, ќе започнат заедничките истражувања на Охридското Езеро што Хидробиолошкиот завод од Охрид ќе ги реализира со Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен, Унгарија.

Повеќе детали за предвидените активности поврзани со ова значајно истражување, Хидробиолошкиот институт и Институтот за нуклеарни истражувања повеќе информации ќе изнесат на прес конференција што ќе се одржи во понеделник напладне во просториите на Хидробиолошкиот завод.

На прес конференцијата покрај претставници од двата инстутити и истражувачкиот тим, ќе присуствува и Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука