Охрид, 8. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во рамки на Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе настапат ансамбли од Србија и Македонија.
На третата фестивалска вечер, најпрво ќе биде претставен српскиот фолклор, со настапот на ансамблот „Традиција“ од Трстеник, Србија. По нив ќе следува настапот на ансамблот „Пирамида“ од Охрид.
Почетокот на концертот е во 20:30 часот, на летната сцена Долни Сарај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 14