јули 9, 2017

Охрид, 9. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на Општина Охрид во месец мај оваа година биле издадени вкупно 6 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Што се однесува до видот на инвеститорот, ситуацијата е изедначена, во три случаи се јавува физичко лице и во исто толку деловен субјект. Предвидената вредност на објектите е 81 351 000 денари.

Предвидена е градба на 24 станови, со вкупна корисна површина од 1227 м2. Од становите 2 се еднособни, 18 двособни и 4 трособни.

Во овој период во Општина Дебрца, за разлика од месец април, кога немаше издадени одобренија за градба, во мај се издадени 4 одобренија, во кои кај сите како инвеститор се јавува деловен субјект.

На ниво на Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во месец мај оваа година се издадени 241 одобрение за градење што е за 17.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука