јули 9, 2017

Охрид, 9. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на ансамблот „Отекс“ од Охрид и ансамбл од Бугарија, вечерва завршува 56-то издание на најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите, Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Почетокот е во 20:30 часот, на летната сцена Долни Сарај.

Во рамки на годинашното издание на фестивалот настапија ансамбли, покрај од Македонија и од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Хрватска и Австралија.

Како придружна манифестација на фестивалот, во изложбениот  салон при Центарот за култура  беше поставена и изложба на дела,  30 – на слики и фотографии од странски автори. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука