јули 9, 2017

Охрид, 9. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Не знам зошто некои медиуми и портали непотребно креваат паника со секој земјотрес од 2М, 2.5М, 3М, 3.5М, кога тие се сосема очекувани (неизбежни) во овој период, а и не се ништо посебно за било кој сеизмо-активен дел на Балканот, напиша на својот профил на Фејсбук Ивица Милевски, професор на ПМФ.

– Кажавме што кажавме, дека регионот на Охридско влегува во фаза на смирување и секој ден, очекуваме генерално намалување на честината и силината на земјотресите. Тоа што за 22 дена се регистрирани над 1200 потреси значи дека имало огромна акумулирана енергија, која за среќа се распореди преку серија на главно слаби до умерени земјотреси, наместо неколку силни или еден многу силен (6-6.5М) кој би бил и многу по разорен. Нема потреба од бегање од Охрид, туку да му се вратиме на сета негова природна убавина. Инаку, нашата SAR сателитска интерферометрија (Sentinel 1), покажа одредени поместувања и деформации на теренот и до 1,5 метри што говори за вкупната збирна сила на сите трусови во регионот, додава Милевски. (Крај)

извор: Ивица Милевски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука