Охрид, 10. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – И во текот на изминатава ноќ во Охрид беа почувствувани неколку земјотреси.
Еден потрес беше евидентиран во 02:12 часот со магнитуда од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Следниот беше во 04:16 часот, со јачина од 2.8 степени, а по него следуваа два во краток временски инервал, во 04:34 и во 04:39 часот, и двата со јачина од 3.3 степени.
Последниот потрес беше регистриран во 05:05 часот, со јачина од 2.7 степени според Европската макросеизмичка скала.
Добро упатените во оваа област велат дека регионот на Охридско влегува во фаза на смирување и се очекува генерално намалување на честината и силината на земјотресите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17