Охрид, 10. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(35) од селото Долно Средоречје, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 6-ти минатиот месец, додека лице вработено како референт по возила во СВР Охрид бил на работно место во канцеларија во Центар за возила Охрид, го забележал пријавениот и на истиот му укажал да направи А тест на товарно моторно возило, бидејќи истото не било по облик специјално-машина за бетон туку била машина кипер.
На ова, пријавениот недолично му возвратил, почнал да му се заканува, а потоа се затрчал кон него и физички го нападнал удирајќи го во пределот на градите. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 34