јули 10, 2017

Охрид, 10. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Врската меѓу Преспанското и Охридското Езеро функционира години наназад и е независна од сеизмичката активност во регионот, истакна д-р Марјан Темовски од Центарот за изотопска климатологија и проучување на животната средина при Институтот за нуклеарна изотопија во Дебрецен, Унгарија, отфрлајќи ја поврзаноста меѓу двете езера со земјотресите кои го зафатија регионов.

– Не би барал директна поврзаност меѓу Охридското езеро и попречните раседи кај селото Косел. Главните раседи кои ја контролираат еволуцијата на езерото со тектонскиот развој се главно со меридијански правец, односно се протегаат во насока север – југ. Овој расед кој е сега засегнат е во тотално обратна насока, потенцира Темовски.

Тој упати апел да не се земаат во предвид неоснованите, односно како што ги нарече лаички мислења и теории кои од 18-ти јуни па до денес се пласираат меѓу луѓето и создаваат дополнителен стрес и вознемиреност. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото:ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука