Струга, 11. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По 11-ти пат во Струга ќе се одржи Меѓународна манифестација „Фолклорен мост“, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
Традиционално, манифестацијата ќе започне со дефиле на околу 100 учесници низ струшката чаршија, а ќе продолжи со настап на платото пред Центарот за култура.
Според најавената програма, учество ќе земат културно уметничките друштва „Илинден“ – Струга, „Дримкол“ од Вевчани, „Фолклористи“ – с. Лескоец, „Везилка“ – Прилеп,„Бисер“ – Кичево, како и ансамблите „Гоце Делчев“ од Битола, „Црна Гора“ од Подгорица и „Стив Наумов“ од Логоврди.
Манифестацијата „Фолклорен мост“ ќе се одржи во недела, 16-ти јули, со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20