јули 13, 2017

Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој на север и вдолж Повадарието ќе засилува. Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 35. степени.

– Од петок попладне, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови. Во недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука