јули 13, 2017

Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сензационално, како што доликува за мнифестација од   рангот на Охридско лето, синоќа на Античкиот театар со палење на фестивалскиот оган и за првпат со џез музика, беше подигната завесата на 57-то издание на фестивалот.

Членовите на познататиот музички состав, џез квартетот „Форплеј“, кој две и пол децении ужива уметнички и комерцијален успех приредија музичка магија за присутната публика.

ohridskoleto1

ohridskoleto2

Фестивалот за отворен го прогласи Претседателот на Република Макеоднија, Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на манифестацијата, а се обрати и министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

– Веќе 57 години Охридско лето е дел од нашиот пат кон моќта на уметноста. Нема подобар начин фестивалот да го започнеме со џез, чие второ име е слобода“, рече претседателот Иванов.

– Во периодот што доаѓа „Охридско лето“ ќе понуди нова визија за новите времиња, визија која ќе ја доближи културата до жителите и посетителите на Охрид, истакна министерот Алаѓозовски.

Во име на уметниците, годинашната порака ја прочита доајенот на макдонското глумиште, Мето Јованоски.

До 20-ти август фестивалот ќе биде духовно пристаниште, кое низ уметноста ќе ги обединува луѓето и народите, нивното наследство, но и нивната иднина. Според програмата во 40-те фестивалски денови ќе видиме 33 врвни концерти, 9 театарски претстави, филм за охридскиот бисер, изложба на Драган Спасески Охридски.

Од фестивалот се убедени дека со секој настан на ова 57-мо издание ќе се потврдува големината на манифестацијата, која по традиција нуди врвна и незаборавна уметничка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука