јули 13, 2017

Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера во 14:30 се случи на локалниот пат во селото Брежани, општина Дебарца, информираат од СВР Охрид.

Од здобиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Мирко Ј. (58) од селото Велмеј, општина Дебарца.

Имено, тој на локалниот пат управувал возило – трактор кој во критичниот момент, се превртел при што од здобиените повреди, Мирко Ј. починал на местото на настанот. Смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош по што, на местото на настанот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука