Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Скопјанец, роден 1954 година почина синоќа, откако му се слошило за време на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.
Дел од присутните за Супер радио и OhridPress тврдат дека лицето се пожалило дека не му е добро и побарало помош.
Благодарение на брзата реакција на екипите на Итната медицинска помош и доктори од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Свети Стефан”, тој бил реанимиран, по што околу 22:00 часот бил пренесен во Кардиолошкиот завод.
Но и покрај сите напори, поради тешката состојба во која се наоѓал, починал 45 минути по полноќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20