Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 29. степени.
– Од денес попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 21