јули 15, 2017

Охрид, 15. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Култната претстава „Жаба“ во изведба на „Камерниот театар 55“ од Босна и Херцеговина, го отвора драмскиот дел од програмата на овогодинешното „Охридско лето“.

Станува збор за приказна која се случува во берберница и е за сите нас, за луѓето на денешницата , време на неразбирање, осаменост, потрага по љубовта и смислата на животот. Оваа претстава работена според текст на Дубравко Михановиќ, во режија на Елмир Јукиќ, го дијагностицира времето во кое живееме.

Претставата „Жаба“ ќе се одигра на сцента во предворјето на црквата „Св.Софија“ со почеток во 21:00 часот.

Освен претставата на програмата вечерва има уште еден настан за љубителите на класичната музика. Од 19:30 часот, во црквата „Св. Софија“ концерт ќе одржи Дуња Симиќ, сопран од Босна и Херцеговина, во пијано придружба на Снежана Поповиќ Вулета од Хрватска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука