јули 15, 2017

Охрид, 15. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.

– Денес попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука