Охрид, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под влијание на значително постудена воздушна маса од север, времето денес е облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер.
Врнежите на места повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано врнежите ќе се задржат во југоисточните делови.
Во Охрид според последните мерења во 11.30 часот температурата достигна 17 степени, а во текот на денот максималната температура ќе достигне 20 степени целзиусови.
И утре претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-от степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. (Крај)
извор: УХМР фото: архива