Охрид, 16. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 19-ти јули во Охрид ќе биде одржана Јавна расправа во однос на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за Југозападниот регион (Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа).
Студијата се однесува на Интегриран систем за управување со цврст отпад и е изработена врз основа на соодветна физибилити студија.
Инаку оваа студија е во рамките на Проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион EuropeAid/136347/IH/SER/MK“, а инициран од Министерството за животна средина и просторно планирањево рамките на ИПА, доделен од Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и спроведен од страна на ENVIROPLAN S.A и неговите конзорциумски партнери.
Јавната расправа ќе се одржи во големата општинска сала со почеток во 10:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива