Охрид, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Елизабет и Марсел Бергман, пијано дуо од Канада, вечерва ќе настапат пред љубителите на класичната музика во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Бергман е светски познато дуо кое изведува мешавина на класични и современи дела, вклучувајќи ги и нивните оригинални композиции и аранжмани. Како дуо функционираат од далечната 1989 година.
Добитници се на многу награди и признанија вклучувајќи ја и првата награда на натпреварот за Интернационална камерна музика во Калтанисета, Италија. Елизабет и Марсел Бергман се лауреати на четвртиот Меѓународен натпревар за две пијана на Мјуреј Драфоф.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква Св.Софија со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21