јули 17, 2017

Охрид, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вистинска „зима“ утрово на планинскиот премин „Стража“, со магла, силен ветер и температура под 10-тиот степен.

Фотографијата е направена утрово пред 08:00 часот.

Инаку метеоролозите за денес претпладне најавуваат претежно облачно со повремен дожд, особено во јужните делови. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степен.

– Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес/Метео фото: Весна Русеска

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука